Ван Гал: Во Барселона кога нешто не е во ред, странците се секогаш виновни!

311

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Луис ван Гал, зборуваше за ситуацијата во Барселона, за која игра Френки де Јонг, а главен тренер е Роналд Куман. На Ван Гал многу добро му е познат каталонскиот состав, каде како тренер помина четири години во два периода.

„Кога се е во ред, кога фудбалерите придонесуваат, како што тоа го направи Френки де Јонг во последните две години, нема за што да се грижите. Но, кога работите ќе тргнат наопаку, Барселона секогаш ги обвинува странците. Во овој случај, тренерот исто така е виновен затоа што е странец“, изјавил Ван Гал.

Ван Гал ги советуваше холандските репрезентативци од каталонскиот тим „да не им придаваат големо значење на негативните коментари“.

ПретходноСо парите од продажбата на Њукасл Мајк Ешли купува друг англиски клуб
СледноУ17: Младите поразени од Р. Ирска, за второ место ќе мора да бркаме убедлива победа над Андора