МЗТ Скопје 2 ја запиша првата победа во новата сезона. Откако во минатото коло не успеа да го изненади Работнички, целиот плен го освои на гостувањето кај дебитантот, Ангели, славеше со 73-90 во меч од втората рунда во Првата лига.
Домашните кошаркари имаа водство од четири поени во 6. минута (11-7), по што гостите со серија од 8-0 поведоа со 11-15. По првата четвртина водството на МЗТ Скопје 2 изнесуваше 19-28.
Момците на Перо Блажевски држеа ритам, но противникот беше упорен на полувремето резултатот беше 42-46. МЗТ Скопје 2, триумфот го обезбеди во третата четвртина која ја доби со 13-21, до крај не дозволи изненадување.
Петровски и Митревски постигнаа по 18 поени, на другата страна Мандерсон имаше дабл-дабл од 21 поен и 10 скока.