Саудијците му понудиле на Рангник да биде нов спортски директор на Њукасл

310

Њукасл продолжува да работи на доведување нови имиња на клучни позиции по доаѓањето на новите сопственици на тимот.

Вчера беше објавено дека англискиот тим е заинтересиран за шефот на одделот за спорт и развој на Локомотив Москва, Ралф Рангник. Денес „Телеграф“ појаснува дека станува збор за позицијата спортски директор во екипата на Њукасл.

Покрај Рангник, Њукасл ги разгледува опциите и со Џејсон Вилкокс, шеф на младинската академија на Манчестер Сити.

ПретходноЛН: Бензема и Мбапе со нов пресврт и донесоа шампионски пехар на Франција (ВИДЕО)
Следно11 Октомври: Голем ден за Македонија, на Денот на востанието ја дочекуваме токму Германија!