По двата порази на Белгија во Лигата на Нации, од Франција во полуфиналето и од Италија во битката за третото место, со свој коментар се јави и мега – ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне.
Тој по поразот иод Италија денеска, образложи:
“За жал претрпевме два порази. Сепак, не е исто да играш против Естонија и против репрезентации од врвна класа. Денеска ни недостигаа Лукаку и Азар, ние сме Белгија, ние сме одлична репрезентација, но сепак за разлика од Италија и Франција кои имаат по 22 играчи од врвна класа, ние тоа го немаме“ искрен беше Де Брујне.










