Спортскиот директор на ПСЖ, бразилецот Леонардо јавно го прозва, односно осуди Реал Мадрид како клуб, затоа што како што вели тој во последнтие две години постојано и континуирано зборуваат и го прозиваат Килијан Мбапе.
„Тоа ниту е етички ниту е морално, ниту е легално. Реал Мадрид треба да биде казнет за тоа. Не може две години континуирано во Реал Мадрид да се зборува само и единствено за Килијан Мбапе. Тоа е не фер ни према нас, а најмногу кон Килијан, затоа што тој во моментов е еден од најдобрите светски фудбалери. Ние планираме да го задржиме, и да му понудиме нов договор. Го имаме него, Меси и Нејмар. Никогаш не сме ја замислувале иднината на ПСЖ без Мбапе“ – изјави Леонардо.