Ливерпул ќе и го украде Дембеле на Барселона и тоа за џабе

461

Францускиот напаѓач од екипата на Барселона, Усман Дембеле, по се изгледа следната сезона кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига. Според „Teamtalk“, Ливерпул е заинтересиран да го ангажира 24-годишниот напаѓач и тоа за џабе.

Со оглед на се потешките преговори за продолжување на актуелниот договор меѓу Барселона и Дембеле, Ливерпул внимателно ги следи случувањата и е подготвен да му понуди договор на фудбалерот во јануари. Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп е голем фан на Французинот.

Договорот на Дембеле со Барселона е со важност до 30 јуни 2022 година. Претходно беше објавено дека раководството на Каталонците врши притисок врз играчот со цел Дембеле да се согласи на продолжување на договорот во блиска иднина.

ПретходноПрвпат по 24 години, еден Ф1 возач не влезе во пит-стоп цела трка!
СледноЛН: Бензема и Мбапе со нов пресврт и донесоа шампионски пехар на Франција (ВИДЕО)