Како што известуваат од раководството Фудбалскиот сојуз на Германија, се очекува најмалку 500 германски фанови да допатуваат во Скопје и да ја бодрат својата репрезентација на утрешниот меч на Арената “Тодор Проески“. Дел од нив веќе биле пристигнати. За сите нив има бесплатна пијачка во еден од кафулињата во ГТЦ пред мечот. Потоа сите заедно ќе имаат марш низ центарот на Скопје а крајната граница е Арената “Тодор Проески“.
Се подготвува фудбалска фешта, ако се знае дека и нашите фанови ќе бидат во елемент.
ФОТО: DFB.DE TWITTER