Експедицијата на Германија,наш ривал на утрешниот квалификациски меч за СП 2022, за Скопје со специјален чартер лет од Хамбург ќе полета во 16:15 часот. Се очекува некаде после 18:30 часот да биде во Македонија, а ќе биде сместена во хотелот “Хилтон“. И дефинитивно Германците нема да тренираат на Арената.
Тие утринскиот тренинг го одработија на теренот на стадионот на Сент Паули.Според германските медиуми на тренингот бил капитенот Мануел Нојер, додека забележително било отсуството на стоперот на Челзи, Рудигер.
Сепак кој ќе патува за Скопје ќе каже селекторот Ханси Флик кој има прес конференција во 13 часот.
ФОТО: DFB.DE TWITTER