Селекторот на Белгија ги ослободи Лукаку и Азар, на останатите не им се игра!

624

Белгија на денешниот меч за третото место во Лигата на Нации против Италија ќе игра без најдобрите играчи Римелу Лукаку и Еден Азар. Поради слабата физичка состојба, селекторот на оваа репрезентација, Роберто Мартинез ги прати во своите клубови.

И двајцата во четвртокот играа во полуфиналето против Франција, во кое беа поразени со 3-2, од овој меч имаат проблем со мускулите.

„Не се во најдобра состојба. Поради проблеми го напуштаат кампот на репрезентација. Не знам колку време ќе им треба за да се опорават. Сите одлуки ги носиме со докторите на репрезентацијата и на клубовите“, изјави Мартинез.

На останатите репрезентативци не им се игра за трето место, воопшто не се воодушевени со идејата дека денеска треба да излезат на терен.

„Овој меч нема никаква логика. Третото место во Лигата на Нации не значи ништо. Не знам зошто мораме да ја играме оваа средба, ќе ја сфатам како пријателска“, изјави голманот Тибо Куртоа.

ПретходноФјури по големата победа: Ја сум од железо и челик, Вајлдер е идиот!
СледноДетскиот сон на Тоти не е Рома!