Тајсон Фјури дојде до втората победа над Дионтеј Вајлдер во нивната трета меѓусебна пресметка. Првата заврши со реми, додека останатите две му припаднаа на Фјури.
Британецот до триумфот дојде по спектакуларен пресврт. Откако во третата рунда во нокдау го сруши Вајлдер, влезе во големи проблеми во следната рунда. Тој двапати се најде на подот, но успеа да се издигне и да го одбрани појасот во тешка категорија на ВБЦ со нокаут во 11-та рунда од борбата.
Вајлдер беше немоќен, не можеше да продолжи, исто како и во претходната битка настрада неговото уво, па лекарите не му дозволија да се бори. Британецот со три тешки удари го исфрли од рамнотежа Вајлдер.
ФОТО: MMA Junkie @MMAjunkie/TWITTER










