ФИНАЛЕ ЛН: Шпанија го скроти европскиот шампион, ќе може ли и светскиот?

173

Франција и Шпанија вечерва (20:45 ч.) на „Сан Сиро“ во Милано ќе играат во финалето на Лигата на нациите. Селекцијата на Шпанија имаше импресивен настап во полуфиналето и ја совлада Италија прекинувајќи ја нивната серија од 37 меча без пораз. Французите одиграа трилер полуфинален меч со Белгија, губеа со 2:0 па направија пресврт, а Тео Фернандез во последните минути погоди за победа.

На така две фудбалски велесили ќе ги вкрстат копјата на миланскиот стадион за првиот трофеј од Лигата на нациите.

Погледнете каков состав има Франција. Тие играат во врвните европски клубови. Тројцата напаѓачи што ги имаат се инзворедни и способни да го свртат секој натпревар. Но ние нема да менуваме ништо во пристапот и односот на теренот. Го победивме најдобриот тим на ЕУРО 2020 и сега ќе се обидеме да го совладаме актуелниот светски шампион. Го сакаме трофејот, тоа ќе биде награда за се она што работевме до сега“, изјави шпанскиот селектор Луис Енрике.

Од друга страна Дидие Дешамп вели дека кај Шпанците во ДНК-то им е да ја држат топката во своите нозе.

Невозможно е да ги натераш Шпанците да играат без топка. Во нивната ДНК е да ја поседуваат. Во последно време Шпанците драстично го поправија менталитетот и квалитетот на играта. Ние сме поискусни но тоа и не е гаранција за успех. Потребно е да ги имаме „вистинските“ состојки кога ќе излеземе да играме и да трчаме по трофејот“, вели Дешамп.

МОЖНИ СОСТАВИ
ШПАНИЈА (4-3-3): Унаи Симон – Азпиликуета, Лапорте, Пау Торес, Алонсо – Гави, Бускетс, Коке – Сарабија, Феран Торес, Ојарзабал.
ФРАНЦИЈА (3-4-1-2): Јорис – Кунде, Варан, Л.Хернандез – Павар, Тчуамени, Погба, Т.Хернандез – Гризман – Мбапе, Бензема

ПретходноФлик: Македонците имаат добри идеи и се тактички јаки
СледноДали теренот на Арената ќе издржи после толку дожд?