Ханси Флик не беше селектор на Германија кога Елмас на 31 март среде Дуисбург во таа 85.минута ги матираше „панцерите“ за победа на Македонија од 2:1.
Сепак сегашниот селектор на Германија со пиетет говори за нашиот „Дијамант“, за Елиф Елмас.
Флик констатира дека Македонија има одлични фудбалери, но сепак го издвојува Елмас.
“Морам да го издвојам Елиф Елмас. Многу ми се допаѓа како играч. Игра одлично во Наполи, а нели, на Германија и даде гол во Дуисбург“ посочи германскиот селектор.