Макс Верстапен е новиот лидер во генералниот пласман со шест бода пред Луис Хамилтон од Мерцедес.
Возачот на Мерцедес Валтери Ботас е победник на трката за ГН на Турција на патеката во Истанбул. Ботас имаше второ време во квалификациите но неговиот клупски колега Хамилтон беше казнет па беше турнат десет места наназад, па така Финецот беше победник во квалификациите, а денеска излезе и победник на трката.
Финецот имаше одлично возење, оствари и најбрз круг, а со смиреност во финишот стигна до првото место.
Макс Верстапен од Ред Бул заврши на втората позиција, а на третата е уште еден возач на Ред Бул Серхио Перез кој во финишот успеа да му го украде местото на подиумот на Шарл Леклер од Ферари. Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон кој стартуваше од 11 позиција на крајот заврши на петтото место.
Наредната трка, 17-та во календарот од вкупно 22, се вози во Остин, Соединетите Американски Држави на 24 октомври.
Great work from @ValtteriBottas today 👏#TurkishGP 🇹🇷 #F1 pic.twitter.com/U24u9xfZAl
— Formula 1 (@F1) October 10, 2021










