Нејмар: „СП во Катар ќе ми биде последно“

157

Ѕвездата на ПСЖ и бразилскиот фудбал Нејмар изјави дека Мундијалот во Катар веројатно ќе биде последен за него. Во интервју за „ДАЗН“ ги шокираше сите со изјавата дека “нема веќе сила да се носи со барањата на фудбалот“. Иако нема ни 30 години, Нејмар вели дека се заситил од се и дека има план после СП 2022 да не игра повеќе за бразилската репрезентација.

Мислам дека ова СП во Катар ќе биде последно за мене. Го гледам како последно затоа што не знам дали се уште ќе имам сила да се занимавам со фудбалот. Ќе направам се да помине добро и да го освојам со Бразил. Сакам да го исполнам својот најголем сон и се надевам дека можам до трофејот“, рече Нејмар.

Бразил ја нема светската титула уште од 2002 година.  Нејмар го носи бразилскиот дрес од 2010 година, а играше на две светски првенства во 2014 и 2018.

ПретходноБотас победи на дождот во Истанбул
СледноГури ја спаси Шкендија од пораз на пријателската со Партизани Тирана!