Капитенот на нашата репрезентација, Стефан Ристовски пак исто така на денешната прес конференција го кажа својот став и мислење по повод утрешниот меч против Германија на домашен терен од 20:45 часот на Арената Тодор Проески.
Искусниот репрезентативец, смирено го најавува утрешниот спектакл со напомена дека овој меч ќе биде сосема поразличен од оној во Дуисбург кога ја совладавме Германија со 1:2, и кога во многу си ги зголемивме шансите за успех во оваа кампања. Сепак, сега нештата се поинакви, нов меч, нов селектор, нова генерација.
„Денеска сите играат фудбал, без оглед на големоната на противникот. Победа си е победа, без разлика против кого е и секоја една носи три бода. Нормално дека секој селектор си има свои идеји, новости. И Милевски како селектор има свои идеи, а ние сме тука како професионалци да го исполниме тоа на терен“ – вели Ристовски па додава.
За мене Германија е најдобрата на светот
„Имате различни мечеви против послаби, посилни противници, а ние сме должни да исполниме се. Германија е врвот на светскиот фудбал и треба да се одговори со тактичка и физичка дисциплина. За мене е секој натпревар е искуство. Против билот кој противник. Европското за сите значеше многу за сите. Гиганти како Германија не простуваат грешки, ти даваат многу малку, и тоа треба мора да се искористи. Германија, за мене е најголемата репрезентација на светот – изјави нашиот капитен.
Горан го нема, Барди го нема, но некој други момци се на терен
„Мислам дека Горан Пандев фалел и ќе фали. Не е професионално сега да се враќаме назад. Треба да гледаме напред. Барди, да носител е на оваа генерација, но ако не е тој на терен ќе биде друг. Спортски е да се надеваш на успех, но секој меч, секој ден е нешто ново. МОра да го заборавиме тоа во Дуисбург. Како искусен играч мора да кажам дека мора да се искористи се што ќе ни се пружи“ – поентира Ристовски.










