Легендата на Арсенал изгубил се на коцка

257

Поранешниот англиски фудбалер Пол Мерсон на коцка ги изгубил сите пари кои ги заработил во текот на фудбалската кариера. Легендарниот играч на Арсенал во изјава за „Сан“ призна дека тоа е последица на неговата зависност од коцкање.

Ситуацијата кулминирала во текот на пандемијата, кога ја прокоцкал целата заштеда која неговата фамилија ја оставила за купување на нова куќа.

Не ми е јасно. Сакав да се убијам. Како можев да обложам на заштедата? Следниот ден седев на креветот и ги гледав децата. Се мразев себе си, размислував за тоа како можев да ги изневерам“, изјави Мерсон.

Тој признал дека изгубил повеќе од 7 милиони фунти на коцка, а се борел и со други пороци.

Бев зависник од алкохол и кокаин, но најдеструктивен и единствен порок со кој се борам и до денешен ден е коцкањето“, вели некогашниот ас на Арсенал.

Мерсон сега живее во изнајмен стан со својата трета сопруга Кејт со која има три деца, а вкупно има осум деца.

ПретходноГо урнаа нашиот бедем: Брза контра на Германците и погодок на Хаверц! (видео)
СледноВернер не знаел да дава голови? Два пати ја стресе нашата мрежа (видео)