Франција ја совлада Шпанија во финалето на Лигата на Нации со 2-1, а во центарот на вниманието се најде Килијан Мбапе. Со неговиот погодок, „галските петли“ дојдоа до триумфот над овој дуел.
Многумина сметаат дека Мбапе беше во офсајд откако Тео Ернандез му ја додаде топката. Судиите имаа објаснување за оваа ситуација, погодокот беше признат поради едно правило. Ерик Гарсија ја допре топката пред таа да дојде до францускиот репрезентативец. Правилата велат дека ако еден противнички играч намерно игра со топката, во таа ситуација се смета дека почнала нова акција, затоа голот на Мбапе не е поништен.