На повидок скандал: Вајлдер го обвини Фјури дека боксувал со нерегуларни ракавици!?

699

По победата на Фјури над Вајлдер во битката за титулата на Светскиот боксерски совет, медиумите информираа дека дуелот сам по себе е скандалозен, затоа што ракавиците на Фјури се надвор од стандардите на профи-боксот.

Вајлдер тврди дека бил жртва на „неправедна игра“ од неговиот противник, затоа што ракавиците на Фјури содржат не само омекнувачка пена, туку и значителна количина коњска грива, која по некое време во рингот може да се помести во ракавицата и да ја отежни работата.

„Добив информации за нерегуларност со неговите ракавици и побарав објаснување од судиите пред натпреварот. Ми рекоа дека се во бизнисот 30 години и доволно се разбираат од боксот. Можеби имаат искуство, но додека не ги удрат во лице со таква ракавица, не разбораат за што зборувам. Истото се случи и на нашиот последен натпревар. Гривата од коњ е потешка од пената, но судиите се обидоа да ме убедат дека ракавиците се доволно меки“, изјави Вајлдер.

ПретходноЗа неколку дена Стив Брус добива отказ, кој ќе биде новиот менаџер на Њукасл?
СледноЌириќ: Магат и Колер требаше да дојдат, но откажаа поради Ковидот, најсреќен ќе бидам да ги победиме