Романците сега се блиску до баражот, Турците победија со гол во 99. минута (видео)

298

Македонија изгуби дома од Германија со 0:4 во меч од групата Ј со која Германците обезбедија пласман на СП во Катар, а ние со овој пораз паднавме на третото место на табелата. Тоа значи дека на второто место се искачи Романија која вечерва ја совлада Ерменија на свој терен и се приближи до баражот на две кола до крајот на квалификациите.

Романија славеше со 1:0 со голот на Митрица во првото полувреме. Во нашата група Исланд го победи Лихтенштајн со 4:0.

Во интересен меч  во Осијек Хрватска одигра 2:2 со Словачка. Шранц ги донесе Словаците во предност, а Крамариќ изедначи, за пред крајот на првиот дел повторно гостите да дојдат до предност преку Харашлин.

Во 71 минута Модриќ изедначи и донесе бод за Хрватите.

А Турција победи со 2:1 на гостувањето кај Летонија. Демирал со автогол донесе водство за Летонија, а шест минути подоцна изедначи Дурсун. Во деветтата минута од судиското продолжение Бурак Јилмаз погоди од пенал за победа на Турците и задржување на шансите за бараж.

Во оваа група Турција е трета со 15 бода, Холандија прва со 19 бода, а Норвешка е втора со 17. Црна Гора има 11, Летонија 5, а Гибралтар нема бодови.

РЕЗУЛТАТИ
КИПАР – МАЛТА              2:2
БЕЛОРУСИЈА – ЧЕШКА  0:2
ЕСТОНИЈА – ВЕЛС            0:1
ХРВАТСКА – СЛОВАЧКА                2:2
ИСЛАНД – ЛИХТЕНШТАЈН           4:0
ЛЕТОНИЈА – ТУРЦИЈА   1:1
ХОЛАНДИЈА – ГИБРАЛТАР         6:0
НОРВЕШКА – ЦРНА ГОРА            2:0
РОМАНИЈА – ЕРМЕНИЈА             1:0
МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА     0:4
СЛОВЕНИЈА – РУСИЈА   1:2

 

ПретходноГерманците не забораваат – ГАЗАТ!!! (ВИДЕО)
СледноПо поразот од “панцирите“: За нас Катар сега е само теорија!