Италијанските медиуми јавуваат дека рехабилитациониот период за Златан Ибрахимовиќ и неговата повреда на тетивата е при крај и дека тој ќе направи кам бек на терените на мечот против Порто во рамките од Лигата на Шампионите.
Истиот е закажан за 19. октомври, а кога ќе заврши репрезентативната пауза Ибрахимовиќ ќе започне со тренинзи заедно со екипата. Досега тој работеше под индивидуална програма.