Македонија – Германија: Победа, зошто да не? „Панцирите“ со триумф веќе се во Катар!

211

На три кола до крајот на квалификациите за СП во Катар 2022, Македонија во групата – Ј се наоѓа на второто место со 12 бодови, шест помалку од лидерот Германија. Селекција со која вечерва играме на Арената во Скопје. Нема да се навраќаме на тоа што беше, минатото не можеме да го вратиме , иако се уште жалиме за тое два бода од Рејкјавик.

Нам вечерва ни одговара и реми, иако со победа ќе завршиме голема работа. Сепак, сепак за нас решавачка средба ќе биде онаа во ноември кога и гостуваме на Ерменија.

Од друга страна а зошто да не ја победиме Германија? Па, ние во март веќе покажавме дека сме способни за такво нешто.

Инаку Германија со победа вечерва во Скопје, ќе го “визира“ пасошот за СП во Катар 2022.

Ние вечерва играме со Германија, но секако ќе не интересира и резултатот од мечот меѓу Романија и Ерменија. Во случај на реми во Букурешт, е тогаш шансите да завршиме како втори во групата и да се пласираме во баражот, ќе бидат големи, големи.

ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ГРУПА Ј

ВЕЧЕРВА – 20:45

МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА

РОМАНИЈА – ЕРМЕНИЈА

ИСЛАНД – ЛИХТЕНШТАЈН

ТАБЕЛА

1.ГЕРМАНИЈА 18 (+16)

2.МАКЕДОНИЈА 12 (+9)

3.ЕРМЕНИЈА 12 (-2)

4.РОМАНИЈА 10 (+2)

5.ИСЛАНД 5 (-8)

6.ЛИХТЕНШТАЈН 1 (-17)

ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – 11.11.2021

ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА

РОМАНИЈА – ИСЛАНД

ГЕРМАНИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН

ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – 14.11.2021

ЛИХТЕНШТАЈН – РОМАНИЈА

ЕРМЕНИЈА – ГЕРМАНИЈА

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД

ПретходноТурција високо не порази
СледноСтоле денес ја „ситни педесетката“, Стефан Ристовски го минува Шаќири