Македонски „лавици“ до „коска“ (ВИДЕО)

325

ФОТО: Игор Паневски

Зборовите на Љубомир Савевски, предводникот на македонската женска ракометна репрезентација полека, но сигурно се спроведуваат на дело. На овој национален тим му треба подмладување, момент кој не плаши во секој спорт.

Сакаме успех, сакаме младите генерации да одат напред. За сето ова треба храборст и трпение. Зборови кои ги слушанвме многу пати од Кирил Лазаров, а сега и од Савевски.

Чекорот мора да се направи. Селекторот на дамите, ова лето имаше доволна причина за тоа, токму најмладите донесоа убави женски ракометни денови. Од Литванија се вратија во злато, па дел веќе ги отворија портите кон сениорскиот состав.

Раката им е подадена. Савевски против Црна Гора одлучи да почне со промените и помдладувањето, можеби во Скопје не изгледаше многу како најдобра идеја, но затоа пак на реваншот во Црна Гора, сите негови засмили добија логика.

Македонија беше без најискусните, на спортивната страна пак противникот беше засилен со дел од најдорбите, меѓу кои Јованка Радичевиќ. Овој момент не ги исплаши нашите ракометарки. Одиграа мотивирано и борбено, не паднаа во моментите кога Црна Гора водеше убедливо, дури беа во игра за бод.

Резултатот го ставаме на страна, најважно е дека покажаа дека се „лавици до коска“. Нивната младост и просекот од 20 години, умешно го надокнадија со македонскиот инает, страст и битка за секоја топка, и најважно верба во себе.

Македонија полека, но сигурно чекори кон планот, на ЕУРО 2022 година на кое Скопје е еден од домаќините да бидеме во најдоброто издание до сега.

За оние кои го пропуштија вчерашниот дуел, во продолжение можат да ги погледнат најинтересните моменти.


ПретходноПознат стартниот состав: Ја напаѓаме Германија со Јаховиќ, формацијата 4-3-3 или 4-1-4-1!
СледноМбапе не бил во офсајд, стигна бизарно објаснување!