Мбапе не бил во офсајд, стигна бизарно објаснување!

260
Франција ја совлада Шпанија во финалето на Лигата на Нации со 2-1, а во центарот на вниманието се најде Килијан Мбапе. Со неговиот погодок, „галските петли“ дојдоа до триумфот над овој дуел.
Многумина сметаат дека Мбапе беше во офсајд откако Тео Ернандез му ја додаде топката. Судиите имаа објаснување за оваа ситуација, погодокот беше признат поради едно правило. Ерик Гарсија ја допре топката пред таа да дојде до францускиот репрезентативец. Правилата велат дека ако еден противнички играч намерно игра со топката, во таа ситуација се смета дека почнала нова акција, затоа голот на Мбапе не е поништен.
ПретходноМакедонски „лавици“ до „коска“ (ВИДЕО)
СледноГнабри е прв стрелец, Горецка најдобар асистент, Зиле „царува“ во воздушните дуели