Младите тренираа во Ерменија (ФОТО)

171

Македонската репрезентација до 21. година денеска отпатува за Ерменија, каде што утре со почеток од 16:00 часот ќе го одигра следниот меч од тековните квалифиакции.

Селекторот Драган Канатаровски сеуште ја бара првата победа со оваа генерација, откако најпрво загубивме во Франција со 3:0, па потоа одигравме 0:0 на домашен терен против Србија, за да освоиме бод и против Фарсите Острови на гости во ремито 1:1.

Сега ни следува уште еден меч во кој ние реално имаме капацитет за да освоиме полн плен, со што би се вратиле на вистинскиот пат што се вели во оваа кампања.

ПретходноМенди и натаму во притвор, судијата ја одби и третата молба за пуштање
СледноСемејството на Лемина ограбено додека настапувал за Габон