Сепак, Вардар си е Вардар. Дали игра во Втора или Трета лига, или пак ја претставува Македонија во Лигата на Европа, се знае кој е најголемиот македонски фудбалски бренд.
Тоа го знае и Штефан Фројнд, некогаш славниот германски дефанзивец, кој играше за неколку тимови во Бундес-лигата, но и во Тотенхем, а имаше и 21 настапи за „панцирите“.
Тој е во Скопје, па затоа не пропушти да направи селфи покрај еден графит на Вардар.
ФОТО: Twitter