Познат стартниот состав: Ја напаѓаме Германија со Јаховиќ, формацијата 4-3-3 или 4-1-4-1!

2045

Спортмедиа“ и овојпат, како што беше досега на последните мечеви, на своите читатели им го презентира стартниот состав на Македонија во пресрет на дуелот со Германија.

Селекторот Милевски не се двоумеше кого да го стави во нападот место суспендираниот Милан Ристовски.

Тоа секако е Адис Јаховиќ, преку кого ќе ја напаѓаме Германија. Формацијата е 4-3-3 или пак 4-1-4-1.

На голот е Димитриевски, во одбраната тука се Алиоски, Муслиу кој се врати по паузата од еден меч, потоа Велковски и капитенот Стефан Ристовски.

Пред нив ќе биде Аријан Адеми, а веднаш до него, или малку понапред ќе бидат Елмас и Николов. Лево ќе “оперира“ Дарко Чурлинов а десно Тихомир Костадинов, кој ќе има задача да помага и во средниот ред.

И во нападот Адис Јаховиќ.

Ете, тоа се стартните единаесет со кој Милевски ќе му се спротистави на Ханси Флик.

Момци, многу среќа.

ПретходноСакате можна голема добивка: Е, па, играјте на Македонија „1“ или „Х“!
СледноМакедонски „лавици“ до „коска“ (ВИДЕО)