Она што „Спортмедиа“ го објави уште пред 5-6 часа, еве стигна и официјална потврда, селекторот Благоја Милевски го потврди. Познат и официјално е стартниот состав за вечерашниот меч со Германија. Значи почнуваме со Димитриевски на голот. Потоа во одбраната се С. Ристовски, Велковски, Муслиу и Алиоски, додека во средниот ред тука се Костадинов, Адеми и Николов. Во нападот пак ќе бидат Елмас, Чурлинов и Јаховиќ. Значи искусниот Јаховиќ ќе има поддршка во нападот од младиот Чурлинов и “Дијамантот“ Елмас.
Формацијата е 4-3-3. Барем така треба да биде на почетокот. Ќе видиме во текот на мечот како ќе се одвиваат настаните.