По двата порази, Академија ФМП се засили со Американец!

214

По стартните два порази од националното првенство од екипите на Феникс 2010 и Пелистер од Битола, Академија ФМП реши да го засили својот ростер и да донесе дополнително засилување за преостанатиот дел од сезоната во домашното првенство и во БИБЛ лигата.

25-годишниот американски кошаркар, Бре Ајви е новото засилувае, настапува на бековските позиции. За него ова е прво интернационално искуство доаѓа од колеџот Сан Хозе Стејт каде во просек постигнуваше по 8,8 поени, 2.7 скока и 2.5 асистенции по натпревар.

Бре Ајви се приклучува на тимот во наредните денови и ќе биде ставен на располагање на тренерот Петровиќ за натпреварот со Кожув кој го играме наредниот викенд на гости во Гевгелија.

ПретходноГоран Пандев: Победата во Дуисбург беше рамно на чудо, како да сме освоиле титула!
СледноМонпеље доаѓа засилен во Скопје, за пресметката со Вардар се враќаат двајца ракометри!