Семејството на Лемина ограбено додека настапувал за Габон

131

Интернационалецот на Габон, Марио Лемина кој своевремено беше дел од Јувентус, а сега е дел од францускиот лигаш Ница доживеа тежок шок. За време на неговиот репрезенаттивен настап против Ангола, неговото семејство во куќата во Франција било нападнато, врзано и ограбено.

Провалниците биле екстремно дрски па откако влегле во куќата на Лемина ги врзале сите членови на неговото семејство и нормално инсистирале да им бидат предадени сите вредни работи.

Според увидот потоа направен од страна на полицијата, криминалците изнеле од куќата на Лемина околу 300.000 евра во кеш, накит и вредни часовници.

 

ПретходноМладите тренираа во Ерменија (ФОТО)
СледноЗлатан прави кам – бек на мечот со Порто