Столе денес ја „ситни педесетката“, Стефан Ристовски го минува Шаќири

304

Во очекување на стартот на за нас историскиот квалификациски меч против Германија во рамнките од Мундијалската кампања вечерва на Арената Тодор Проески со почеток од 20:45. минути, вреди да се одбележат два јубилеја.

Нашиот голман Столе Димитриевски денеска ќе го одигра педесеттиот натпревар во дресот со националниот грб, и ФФМ за таа прилика ќе му додели пригодна награда.

Во исто време, Стефан Ристовски, капитенот на Македонската репрезентација, денеска ќе го одигра 73. меч за Македонија со што ќе го мине на вечната листа некогашниот капитен, Артин Шаќири кој има 72.

Повеќе настапи од Стефан Ристовски во моментов имаат Величе Шумуликоски (84), Гоце Седлоски (100) и секако Горан Пандев со 122 настапи за Македонија.

 

ПретходноМакедонија – Германија: Победа, зошто да не? „Панцирите“ со триумф веќе се во Катар!
СледноГерманија не „напаѓа“ со Лаура Папендик (ФОТО)