Јанко од Леверкузен: Роден во Германија, дојде во Скопје да навива за својата Македонија!

1430

Еве пример колку се сака Македонија, колку се сака репрезентацијата на Македонија. Денеска во едно кафуле во центарот на Скопје, во пресрет на натпреварот Македонија – Германија, “налетавме“ на Јанко Антоски, Македонец кој е роден во Леверкузен. Муабетот нормално прво одеше во насока на тоа кој ќе победи.

И јасно е, ние на еден лош германски му “рековме“ дека Македонија ќе ја “згази“ неговата Германија, уверени дека станува збор за „Швабо“, популарно е тоа на Балканот. А и изгледот негов беше таков, германски. Посебно германскиот јазик кој се говореше на неговата маса во неговото друштво. Се шокиравме кога на течен македонски јазик ни рече:

И јас ќе навивам за Македонија. Јас сум Македонец“ ни рече Јанко, како што подоцна разбравме дека се вика фудбалскиот фан кој има 32 години.

Неговата приказна е следна….

Потекнувам од тетовско, пред околу 40 години моите родители емигрираат во Германија, во Леверкузен, каде што сме родени јас и мојот брат Ѓорѓи. Јас имам 32 години а братот е три години помал. Сите во семејството го сакаме фудбалот, посебно Ѓорѓи кој е фудбалер и игра за ФЦ Дурен. Од кога паметам за мене во моето семејство дома се говори само на македонски, затоа и така добро го знам нашиот, мојот јазик“ вели Јанко за “Спортмедиа“.

НАВИВАВ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО АМСТЕРДАМ НА ЕП

И нормално, кога ќе почнеш да правиш муабет за фудбал, нема крај.

Роден сум во Леверкузен, роден сум во Германија, но јас вечерва ќе навивам за Македонија. Па затоа и дојдов во Скопје. Ваков спектакл не се пропушта. Да ви кажам дека бев во Амстердам на ЕВРО кога Македонија играше со Холандија, кога Горан Пандев се простуваше од репрезентацијата. Бев горд што тогаш бев дел од навивачката `фаланга`. Прекрасно си поминавме. Се разбира дека ќе беше поубаво да победиме, но, ете, сите бевме радосни што Македонија игра на ЕП. Секогаш за Македонија. Кога имам можност, патувам, ја бодрам репрезентацијата на мојата Македонија ширум Европа. Да, Германија е силна, но покажавме во Дуисбург дека имаме одлична екипа. Зошто пак да не се радуваме на победа? Јас верувам во момците. Вечерва ќе ечи на Арената. Уф, едвај чекам да почне мечот“ посочи Јанко од Леверкузен.

Кога сме кај германскиот фудбал, тој ни кажа дека е фан на Баер Леверкузен, дека има членска карта на овој клуб кој пред две децении играше во финалето во Лигата на Шампионите.

Фудбалски човек, горд Македонец.

Такви се нашите Македонци. Иако родени во Германија, сепак си навиваат за својата Македонија.

Секоја чест Јанко.

ПретходноГерманците си играа “серва“ во “Хилтон“!
СледноШвајнштајгер: Поради Хлеб не заиграв за Интер