Германските весници пред денешниот дуел со Македонија во Скопје се потсетуваат на мартовската пресметка во Дуизбург, каде нашата селекција направи големо изненадување победувајќи го со 2:1. Сепак, дел од весниците сметаат дека тој пораз им дојде како „порачан“, затоа што да не ги победевме ние во Дуизбург веројатно немаше да дојде ниту до примена на селекторското место.
Угледниот „Ди Велт“ пушува дека деновиве може да прочитате и слушнете само добри работи за Ханси Флик. Четири натпревари, четири победи, а оценките за Германија под водство на новиот национален селектор се највисоки.
„Ако не загубевме против Македонија, веројатно немаше да мораме да го добиеме Ханси Флик. Лошата игра и резултати под палката на Јоги Лев беше доволно за да се случи ова“, ќе констатира весникот.
„Ди Велт“ вели дека со доаѓањето на Флик на кормилото, германската репрезентација игра подиректно и побрзо од кога и да било претходно. Тоа се виде и на дуелот против Романците.
„Во 2005 година ни беа потребни 2,8 секунди од приемот на топката до нејзиното проигрување. На Европското првенство 2008 се подобривме на 1,8 секунди, а сега се ослободуваме од топка на прв контакт. Само така може да се пробие одбрана со пет или четири играчи“, смета германскиот весник.