Поранешниот англиски фудбалер Пол Мерсон на коцка ги изгубил сите пари кои ги заработил во текот на фудбалската кариера. Легендарниот играч на Арсенал во изјава за „Сан“ призна дека тоа е последица на неговата зависност од коцкање.
Ситуацијата кулминирала во текот на пандемијата, кога ја прокоцкал целата заштеда која неговата фамилија ја оставила за купување на нова куќа.
„Не ми е јасно. Сакав да се убијам. Како можев да обложам на заштедата? Следниот ден седев на креветот и ги гледав децата. Се мразев себе си, размислував за тоа како можев да ги изневерам“, изјави Мерсон.
Тој признал дека изгубил повеќе од 7 милиони фунти на коцка, а се борел и со други пороци.
„Бев зависник од алкохол и кокаин, но најдеструктивен и единствен порок со кој се борам и до денешен ден е коцкањето“, вели некогашниот ас на Арсенал.
Мерсон сега живее во изнајмен стан со својата трета сопруга Кејт со која има три деца, а вкупно има осум деца.