Монпеље доаѓа засилен во Скопје, за пресметката со Вардар се враќаат двајца ракометри!

619
0

Македонскиот првак Вардар 1961 во среда продолжува со натпреварите од Лигата на шампионите, по паузата од една недела. Веселин Вујовиќ и неговите избраници заедно со Пик Сегед пред стартот на 4. коло се наоѓаат во посебно друштво, имаат пет бода и ниту еден пораз.

Вардар одигра реми со Елверум на гости, а потоа на домашен терен ги совлада Мешков Брест и Албирг. Нов противник на македонскиот првак е Монпеље, кој се наоѓа на петото место на табелата со скор од една победа, реми и пораз.

Пред оваа средба од таборот на францускиот вицепрвак доаѓаат лоши вести за „црвено-црните“. Токму за пресметката со Вардар во составот на Монпеље се враќаат двајца играчи. Станува збор за исландскиот бек шутер Олафур Гудмунсон и капитенот на екипата Валентин Порт.

Вардар 1951 треба да настапи во комплетен состав, третиот домашен терен во низа мора максимално да го искористи пред дуелите што следуваат и секако да го задржи врвот на табелата.

ПретходноПо двата порази, Академија ФМП се засили со Американец!
СледноФановите го изгласаа стартниот состав на Флик, ги нема Вернер, Хаверц, Ројс…