По победата на Фјури над Вајлдер во битката за титулата на Светскиот боксерски совет, медиумите информираа дека дуелот сам по себе е скандалозен, затоа што ракавиците на Фјури се надвор од стандардите на профи-боксот.
Вајлдер тврди дека бил жртва на „неправедна игра“ од неговиот противник, затоа што ракавиците на Фјури содржат не само омекнувачка пена, туку и значителна количина коњска грива, која по некое време во рингот може да се помести во ракавицата и да ја отежни работата.
„Добив информации за нерегуларност со неговите ракавици и побарав објаснување од судиите пред натпреварот. Ми рекоа дека се во бизнисот 30 години и доволно се разбираат од боксот. Можеби имаат искуство, но додека не ги удрат во лице со таква ракавица, не разбораат за што зборувам. Истото се случи и на нашиот последен натпревар. Гривата од коњ е потешка од пената, но судиите се обидоа да ме убедат дека ракавиците се доволно меки“, изјави Вајлдер.