По поразот од “панцирите“: За нас Катар сега е само теорија!

1238

И тоа е тоа. Германија дојде во Скопје, го виде Скопје и победи во Скопје. И тоа победи на начин како што и личи. Македонија колку и да сакаше, колку и да беше борбена, се виде дека против една ваква Германија едноставно немаше никаква шанса.

И сега што?

Германија си се пласира на СП во Катар, на моќен доминантен начин.

А, ние?

По овој пораз, прв на селекторот Благоја Милевски во својот петти меч откако ја предводи Македонија, се чини дека нашите шанси се сведени на теорија за пласман во баражот за СП во Катар 2022.

Ние останавме на 12 бодови, исто колку и Ерменија. Паднавме на третото место, а пред нас во таа битка за баражот се Романците кои сега имаат 13 бодови.

Играме со Ерменија таму и дома со Исланд. Сега Романија е во пол – позиција. Играат дома со Исланд и на гости со Лихтенштајн. Реалнио е да ги освојат сите шест бода и да завршат како втори, и да се најдат во баражот.

Значи нашата “сламка“ се вика Исланд, Нам ни треба оваа репрезентација на гости во Романија да остане непоразена.

Е, тоа тешко.

Затоа велиме само теорија.

А, сите ние малку се излажавме дека ако можеме во Дуисбург, ќе можеме и во Скопје.

Но, не било така. Германија само еднаш ти дава шанса да ја победиш, вториот пат те ГАЗИ, и тоа буквално те ГАЗИ.

Познато е старото правило:

НЕ ГИ ЛУТИ ГЕРМАНЦИТЕ…

ПретходноРоманците сега се блиску до баражот, Турците победија со гол во 99. минута (видео)
СледноМилевски: Четирите гола се по наши грешки