Потврдено: Милевски ќе почне со Адис Јаховиќ во шпицот!

366

Она што „Спортмедиа“ го објави уште пред 5-6 часа, еве стигна и официјална потврда, селекторот Благоја Милевски го потврди. Познат и официјално е стартниот состав за вечерашниот меч со Германија. Значи почнуваме со Димитриевски на голот. Потоа во одбраната се С. Ристовски, Велковски, Муслиу и Алиоски, додека во средниот ред тука се Костадинов, Адеми и Николов. Во нападот пак ќе бидат Елмас, Чурлинов и Јаховиќ. Значи искусниот Јаховиќ ќе има поддршка во нападот од младиот Чурлинов и “Дијамантот“ Елмас.

Формацијата е 4-3-3. Барем така треба да биде на почетокот. Ќе видиме во текот на мечот како ќе се одвиваат настаните. 

ПретходноНекогашен славен германски фудбалер со селфи пред графит на Вардар!
СледноФлик со Нојер на голот и со ултра офанзива – Вернер, Гнабри, Милер…