Како што и личи кога се прославува јубилеј. Имено дури тројца наши репрезентативци влегуваат во КЛУБОТ – 50 по бројот на настапи. Тоа се Столе Димитриевски кој вечерва по 50. пат ќе брани за нашата најдобра репрезентација. Додека Езџјан Алиоски и Кире Ристевски својот 50.меч го имаа минатиот месец против Романија, но и тие како и Столе од страна на раководството на ФФМ, на чело со претседателот Муамед Сејдини, добија пригодни подароци. Поточно дресови со бр.50 во прилог на јубилејот.
Секако дека вакви јубилеји и вреди да се прослават, и тоа пред почетокот на мечот меѓу Македонија и Германија.