Легендата на германскиот фудбал Бастијан Швајнштајгер во интервју за АРД даде мошне интересна информација во врска со неговата веќе завршена, но мошне успешна кариера.
Во 2008 година додека настапувал за Баерн Минхен, имал опција да замине во Интер, каде што тренер во тоа време беше неговиот сонародник Јирген Клинсман. Се било договорено, тој веќе се имал подготвено за пат, но во последен момент се пропаднало. Причината за тоа е фактот што во тој моментов еден од најдобрите фудбалери во светот, Александер Хлеб не прифатил да биде засилување за Баерн, со што автоматски повеќе не би имало место за Швајни, туку се одлучил за Барселона.
На тој начин Баерн и решил да го задржи Швајнштајгер, а потоа сите знаеме што се случи. Тој стана еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој клуб.