Вујовиќ: Јас не апелирам, туку ги молам сите да дојдат во сала, на Валчак солзи му доаѓаа!

4329

Македонскиот првак после една недела пауза се враќа на обврските во Лигата на шампиони. Во рамките на 4. коло во СЦ „Јане Сандански“, утре гостува Монпеље, дуелот е закажан со почеток во 20:45 часот.

На оваа средба Вардар 1961 влегува со пет бода, заедно со Пик Сегед се единствените тимови со ваков скор во досегашниот дел од сезоната.

Домашниот терен ќе биде одлична шана за Веселин Вујовиќ и неговите момци да продолжат без пораз во европското клупско натпреварување. Токму затоа предводникот на актуелниот македонски првак ги повика фановите да дојдат во што поголем број.

„Ако може така да се изразам “сељачки” Монпеље ми е некако домашна екипа. Одиграа еден фантастичен меч со Кил, а потоа на гости кај некој си Сесон, просечен тим од Франција загубија. Мислам дека се млада екипа и уште психологијата влијае, потешко им оди без домашната поддршка. Токму поради тоа јас не апелирам, туку ги молам да дојдат, не само „Комити“, туку сите гледачи кои го сакаат Вардар. Па ние тука со публиката ги победивме и Аборг,  Мешков и Пелистер. На Валчак солзи му доаѓаа, не играл цела година пред ваква публика. Затоа ако дојде публиката ќе играме „8 на 6“, а не „7 на 6“, изјави Вујовиќ. 

Добра вест за предводникот на Вардар 1961 е што на располагање ќе ги има сите играчи, па утре ќе одлучи со кого ќе настапи против Монпеље.
„Не знам како другите тренери размислуваат за Вардар. Јас за Монпеље мислам се најдобро. Станува збор за исклучително историска екипа. Сите француски тимови се добри, свесни сме дека ќе биде многу тешка средба. Вардар е во еден добар момент, ние сме меѓу две екипи кои немаат пораз, но има уште многу да се игра. За првпат немамм проблеми, ги имам сите играчи на располагање, ќе видиме кој ќе влезе во тимот. Ќе биде тежок натпревар, но Вардар секако е фаворит првпат во еден натпревар“. 
ПретходноДванаесеттиот СУПЕР МИЛИОНЕР се доближи до фантастичните 12.000.000 денари
СледноФантастичниот Лазаров е дел од ТОП-5 листата во првенството на Франција! (ВИДЕО)