Познатиот француски стратег, Арсен Венгер повторно ќе се најде на тренерската клупа. 71-годишниот тренер потпиша договор со Саудијците и ќе ги предводи играчите на Ал-Хилал и Ал-Наср на натпреварот против ПСЖ во јануари следната година.
Играчите на двата клуба ќе ги педизвикаат ѕвездите на ПСЖ во пријателски двобој, а како нивни тренер е ангажиран токму Венгер.
„Големото тренерско Арсен Венгер потпиша договор и ќе ги води Ал-Хилал и Ал-Наср против ПСЖ“, стигна потврда.
الفرنسي أرسين فينجر مدرباً لنجوم الهلال والنصر أمام باريس سان جيرمان 😍⚽
تخيل أكثر في #موسم_الرياض 🔥 https://t.co/MHMGkB2mzL pic.twitter.com/zzDPX5zvdj
— الهيئة العامة للترفيه (@GEA_SA) October 10, 2021
Венгер својата тренерска кариера ја заврши во 2018 година, откако две децении ги мина во Арсенал. Пред премиер-лигашот работеше во Јапонија и во Франција.