Како што информираат од страна на раководството на Шкупи и тоа преку социјалните мрежи, лидерот во номеври ќе патува во Истанбул, каде ќе одигра пријателска средба против турскиот гигант Бешикташ. Натпреварот е закажан за 11 ноември. Со тоа ќе се искористи и ноемвриската пауза која ќе биде поради потребите на нашата репрезентација, која треба во последните две кола од квалификациите да игра со Ерменија на гости и со Исланд дома.
Инаку четата на стратегот Гоце Седлоски деновиве напорно работеше, со цел што подобро да се подготви за новите предизвици во ПМФЛ. Имено во сабота во Кавадарци, лидерот на табелата во нашата елитна лига му гостува на Тиквеш.