Беше прашање на време кога искусниот Рожер Федерер ќе испадне од елитното друштво бидејќи во последните две сезони одигра само 19 натпревари со скор од 14 победи и пет порази и тоа на само шест турнири.
Швајцарскиот ветеран на 18 октомври ќе испадне од Топ 10 друштвото на светскиот тенис. Хуберт Хуркач со победата над Френсис Тијаф на Мастерсот во Индијан Велс стигна до 3,288 поени на АТП листата три повеќе од Федерер кој од наредниот понеделник ќе биде 11. тенисер на светот.
Последен пат надвор од Топ 10 листата, Федерер бил на 16 јануари 2017 година кога се најде на 17. место. После 1736 дена легендарниот тенисер нема да биде меѓу десетте најдобри. Федерер ги доведе во прашање и настапите идната сезона затоа што се уште е повреден, а плус има 40 години…