Австралија не се откажува: Ако сте тенисер кој сака да игра на АО, најдобро е да си се вакцинирате

145

Австралискиот министер за спорт на државата Викторија, Мартин Пакула, апелира тенисерите да се вакцинираат против корона вирусот пред да дојдат во Австралија на почетокот на следната година.

Првиот Грен слем за идната сезона традиционално се одржува во Викторија, поточно во Мелбурн, а во таа земја вакцината е задолжителна за професионалните спортисти. Се уште не е одлучено дали истото ќе биде услов за настап за Австралија опен, но се повеќе се шпекулира во таа насока.

„Дали овие правила ќе важат за Австралија опен, се уште не знаеме, зборуваме за тоа со Тениската асоцијација на Австралија и Министерството за здравство. Мислам дека тоа ќе биде тема на дискусии меѓу властите на федерално и национално ниво. Да бев АТП или ВТА играч, ќе се вакцинирав“, рече Пакула за локалната радио станица СЕН, додавајќи:

„Вакцината ќе им даде најдобра шанса да играат на Австралија опен, со минимални ограничувања што може да важат за нив“.

ПретходноМанчестер Ј. потврди: Варан е повреден и ќе мора да паузира неколку недели
СледноПуки е најдобриот во историјата на Финска, го мина и легендарниот Јари Литманен