Луис Назарио да Лима или скратено Роналдо, овој вистинскиот Роналдо или бразилскиот Роналдо. Имено на денешен ден пред 25 години, Бразилецот го постигна еден од најубавите голови во историјата на фудбалот. 12 октомври 1996 година, се играше мечот меѓи Компостела и Барселона. Роналдо, кој тогаш беше член на каталонскиот тим, кој тогаш беше вистински дрим-тим, ја зеде топката во својата половина, ги мина сите домашни играчи кои застанаа на патот и ја затресе мрежата на Компостела.
Таа вечер Роналдо стана фудбалска икона. Цел фудбалски свет му се восхитуваше на Бразилецот, на фудбалскиот виртуоз.
Педантните статистичари пресметале дека по тој продор и гол, Роналдо минал 48 метри, имал 16 допири со топката,а сето тоа траело 10 секунди.