Во Скопје урна рекорд стар повеќе од 100 години

565

Германија го слави пласманот на Светското првенство во Катар 2022 година. Местото го завери токму на сметка на македонската фудбалска репрезентација која ја совлада со 0-4 во рамките на 8. квалификациско коло.

Покрај убедливата одмазда, Скопје посебно ќе го памети Џамал Мусиала. Тој со 18 години, седум месеци и 15 дена, стана најмладиот стрелец во историјата на германската репрезентација на еден официјален натпревар, и втор најмлад стрелец во историјата на овој национален тим.

Мусиала на вчерашниот дуел урна рекорд стар 111 години. Пред него Мариус Хилер на 3 април 1910 година на 17 години и 241 ден даде гол против Швајцарија.

ПретходноФФМ поради неодговорен гледач може да плати казна од 30.000 евра?
СледноТажна вест: Почина поранешната македонска репрезентативка Јулија Николиќ