Горецка со комплименти: Македонија не е лош тим!

1236

Германија на убедлив начин и се реваншираше на македонската фудбалска репрезентација за поразот во Дуисбург, на Националната Арена „Тодор Проески“ славеше со убедливи 4-0 во квалификациите за СП 2022, место кое го обезбеди токму на овој дуел.

Иако беа доминантни на теренот, сепак Леон Горецка, фудбалерот на Баерн Минхен испрати комплименти на сметка на Македонија.

„Македонија беше непријатен противник, особено во првото полувреме. Тие не се лош тим. Ни фалеше самодоверба, постои можност за напредок во играта која ја видовме во првиот дел. Бевме многу подобри во второто полувреме“, изјави Горецка.

Германија е лидер во нашата група со 21 бод, зад неа е Романија со 13 бода, додека Македонија е на третото место со бод помалку, по што следуваат Еремнија со исто 12 бодови, Исланд со 8 и Лихтенштајн со 1.

ПретходноСкандал: Навивач исфрлен од Индијан Велс (ВИДЕО)
СледноМемфис влезе во историјата на холандскиот фудбал