Данска се пласира на Мундијалот, Унгарија ја запре Англија, победа и на Србија

265

По Германија и репрезентацијата на Данска избори пласман на Светското првенство во Катар. Вечерва Данците ја запишаа осмата победа во квалификациите и со 100% ефект се на чело на табелата во групата Ф. Четата на Хјулманд ја совлада Австрија со 1:0 со голот на Меле во 53. минута и со тоа собра 24 бода, седум повеќе од второпласираната Шкотска која вечерва направи скок на второто место по триумфот над Фарски Острови со 1:0. Во оваа група Израел ја победи Молдавија со 2:0. До крајот на квалификациите има уште две кола.

Унгарија избори реми 1:1 на гостувањето кај Англија. Салаи во 24. минута ја начна мрежата на Пикфорд, меѓутоа изедначи Џон Стоунс во 37. минута. Тој резултат остана до крајот. Англија е лидер во оваа група со 20 бодови и е на една победа до пласман на СП 2022. Инаку во прекин беше мечот меѓу Албанија и Полска откако навивачите фрлаа со шишиња непосредно по водството на полскиот тим. По неколку минутна пауза мечот продолжи.

Србија со 3:1 го победи Азербејџан и го продолжува својот сон за место на Мундијалот. Србите се први во групата А со 17 бодови, еден повеќе од второпласираната Португалија која има и меч помалку. Луксембург, Ирска и Азербејџан се многу под нив.

 

 

ПретходноРоналдо стигна до 115. гола, мрежата на Луксембург ја тресел најмногу
СледноMањан на операција, Милан го повика ветеранот Миранте