Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед Серхио Ромеро ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот прволигаш Венеција. Аргентинскиот голман го раскина договорот со Јунајтед во јули и сега доаѓа во Венеција како слободен фудбалер.
Со италијанскиот клуб потпиша договор на една сезона со можност да биде продолжен на уште една.
34-годишниот чувар на мрежата е поранешен аргентински репрезентативец, одиграл 96 меча за Аргентина, а во Италија играше за Сампдорија во 2013 година.