Македонија У-21: Последна шанса за спас на квалификациите

276

Македонската репрезентација до 21 година денеска од 16:00 часот во Ереван против Ерменија, го игра четвртиот меч од тековните квалификации во кои засега имаме освоено само два бода. Нерешените резултати против Србија односно Фарски Острови односно поразот од Франција, реално направија ние денеска да имаме императив на победа затоа што само така ќе се вратиме некако ррзултатски во овие квалификации. Селекторот Канатларовски направи некои измени за денешниот меч во споредба со оној на Фарските острови к да ср надеваме дека ова е добитната комбинација. Ерменија не е наивен противник и ние мора денеска да бидеме на највисоко можно ниво ако сакаме да обезбедиме добар резултат.

Инаку Македонија овој натпревар ќе го започне со Денковски на голот, потоа Хајдари, Младеновски, Манев, Шеји, Гроздановски, Адем, Антовски, Воша, Рустемовски и Ѓорѓиевски.

ПретходноРоманија останува без селектор, Мирел Радои си заминува!
СледноДобра вест: Повредата на Адеми не е сериозна!